Microsoft Windows
компј. Мајкрософт виндоус. Објектно ориентиран кориснички програм на компанијата Мајкрософт кој претставува надградба на оперативниот систем МС-ДОС. За комуникација користи графички кориснички интерфејс со што работата е многу непрегледна, поедноставна и попријатна за корисникот. Нуди можности за мултипрограмско и мултипроцесно работење, динамичка размена на податоци, сврзување и вметнување на податоци од еден документ или апликација во друг документ или апликација, а технологијата наречена plug and play (вклучи и работи) ги елиминира главоболките при инсталирање и конфигурирање нови надградби или периферни уреди со тоа што програмот автоматски ги регистри