јакобинец
(фр. jacobin) 1. револуционерен демократ, член на парискиот политички клуб во времето на Француската буржоаска револуција кон крајот на 18. век
јакобинците го добиле името по манастирот Свети Јаков во Париз во кој се состанувале
биле најсмелите претставници на тогашната револуционерна буржоазија што се борела против монархистите и феудалците
2. фиг. екстремен револуционер
3. вид англиска златна монета.