факс
(анг. fax) праќање и прием на печатени податоци на лист хартија меѓу две оддалечени места со помош на телекомуникациски врски
се изведува со факсмашина што ги скенира податоците печатени на хартија и ги претвора во кодови што можат да се праќаат преку телефонските врски
факс-машината од другата страна на линијата врши обратна операција: повторно ги враќа кодовите во првобитната форма со што се добива верна копија на оригиналот.