табла
(лат. tabula) 1. плоча за пишување или за цртање
2. поен во табланетот кога ќе се земат сите карти од масата
3. парче од некоја материја (обично четвртесто)
4. метална или дрвена плоча на која е напишано името на дуќан или на нешто друго
5. комп. управувачка табла (анг. control panel) во виндоус и макинтош-околина: помошно мени што овозможува промена на разни параметри поврзани со работата во таа околина: бојата на екранот, врската со печатарот (принтерот), фонтовите, сериските портови, конфигурирањето на глушецот, виртуелната меморија, дотерувањето на работењето во мрежа, дотерувањето на датумот и времето и др.