објект
(лат. obiectum) 1. предмет
2. предмет на некоја работа или проучување
3. грам. додаток на прирокот што значи предмет на глаголското дејство
4. фил. предмет или содржина на некоја мисла, реална (реален објект) или замислена (идеален објект)
5. комп. а) во објектно ориентирано програмирање: име за секој засебен елемент
б) кај програмите што поддржуваат објектно сврзување и вметнување: дел од фајл или фајл вметнат во друг документ.