назаренство
(од Назарет, град во Галилеја) рел. христијанска секта што настанала во 1840 год. со одвојување од анабаптистите
нејзините приврзаници ги отфрлаат црковната хиерархија, свештенството, црковните обреди и полагањето заклетва
одбиваат да служат војска и да носат оружје
раширена е главно меѓу протестантите и православните, а помалку меѓу католиците.