калка
(фр. calque) 1. проѕирна хартија или ткаенина натопена со специјални хемиски состојки што се става преку цртеж за да се направи негова копија
2. копија, точно прецртување на проѕирна хартија
3. фиг. слепо, целосно имитирање на некого или на нешто
4. линг. збор или израз што настанал со буквално преведување на странски збор или израз, буквален, слеп превод на странски збор или израз.