идеја
(грч. idea) 1. мисла, општ поим за некој предмет или за некоја појава
2. главна мисла во уметничко, научно или политичко дело
3. општо: замисла, нацрт, план
4. мисла што обично доаѓа ненадејно како решение за некоја замрсена ситуација, како излез од некоја тешка положба
5. замисла, основен план за некој потфат
желба, намера, концепција, предлог за начинот како да се изведе нешто, крајна цел на некоја акција, надеж за добро решение.