идеализам
(грч. idea) 1. еден од двата основни правци во филозофијата кој, наспроти материјализмот, смета дека идејата, свеста, духот е примарното нешто, а природата, постоењето, материјата е нешто секундарно
објективен идеализам или конкретен идеализам учење кое тврди дека темелот на се што постои е апсолутната идеја, светскиот дух, во крајна линија Бог
субјективен идеализам учење што го негира објективното постоење на материјалниот свет, признавајќи ги како единствена реалност индивидуалната свест и субјективните чувства
во својот натамошен развиток субјективниот идеализам неизбежно води кон солипсизам
2. идеално, идеалистичко сфаќање на животот
3. вера во нешто што е неодржливо, неосновано, неостварливо, илузија, фикција, склоност во животот да се гледа, односно да се бара само доброто, благородното
4. стремеж кон возвишеното и сл.