евангелие
(грч. euangelion) 1. добар глас, радосен глас или добра вест, радосна вест која во христијанското учење го прикажува Исус Христос како ветениот месија и спасител на човечкиот род
2. извештаи составени во првите векови на христијанството за животот, делото и страдањата на Исус Христос, во неколку книги од кои четири влегле во Библијата (Новиот завет)
3. фиг. збир на основни знаења, основно учење на некоја наука или идеологија
врховен етички закон
непроменлива догма.