база
(грч basis) 1. основа, темел, подлога подножје, 2. арх подножје на стол статуа или свод, 3. воу место или земјиште од кое единиците на некоја војска напредуваат, од кое добиваат засилувања и секаков вид потребни работи и од кое сите патишта водат кон разни вооружени одделенија, 4. екон збир на општествени производни односи што одговараат на одреден степен на развитокот на материјалните, производните сили на општеството, реална база врз која се подига правната и политичката надградба и на која одговараат одредени облици на општествената свест, 5. геод основна линија (правец) што може реално да се измери на некоја површина според која се одредуваат големините на други линии и се вршат мерења, 6. хем електропозитивна материја, супстанција што се соединува со киселините и ги неутрализира градејќи сол, 7. мат основа на степенот, на логаритамот на бројниот систем, 8. геом страната или површината на која замислуваме дека лежи полигонот или полиедарот, 9. комп а) база на податоци (анг database) множество од меѓусебно поврзани податоци организирани по однапред дефиниран ред и критериум, што овозоможува, со користење на соодветен софтвер, да се извршуваат разни операции, б) активна база на податоци (анг active database) кај програмите за обработка на податоци базата што се наоѓа моментално во РАМ-меморијата