Фаетон
(грч. Phaeton) 1. мит. во старогрчката митологија: син на Хелиос (богот на сонцето) и Климена
на негова молба татко му му дозволил еден ден да управува со небесната кола, но момчето, преслабо да ракува со огнените коњи, кршнало од патот и ги запалило небото и земјата, поради што Зевс го убил со молња за да ја спречи натамошната несреќа
2. фаетон а) лесна, непокриена, елегантна кола на четири тркала; 6) постар облик на патнички автомобил со платнен покрив.