Ија
(Ио, Јо) (грч. ??) мит. во старогрчката митологија: ќерка на Инах, крал на Аргос, во која се вљубил Зевс и, за да ја скрие од љубоморната Хера, ја претворил во бела крава
Хера успеала да ја издејствува таа крава за себе како подарок и му ја доверила на Аргус (чудовиште со сто очи) да ја чува
по наредба на Зевс, Хермес го убил Аргус, но Хера и пуштила на Ија еден штркел што ја бркал низ целиот свет, се додека не нашла спас во Египет добивајќи го својот поранешен облик
подоцна ја почитувале во Египет како божица Изида.