Заратустра
(перс. Zarathustra) староперсиски проповедник и филозоф (меѓу 7. и 6. в. пр. н. е.), основач на дуалистичката религија маздаизам според која постојат два принципа, два духа: добар дух (Ахри Маразде, Ормазд или Ормузд) и зол дух (Ариман или Ахриман)
на Ахри Маразде му помагаат шест добри духови: Вистината, Добрината, Мудроста, Власта, Здравјето и Долговечноста, а на Ариман два: Лагата и Гневот.